Крцкави печени лепчиња со путер и лук

Ова јадење можете да го направите за појадок или вечера - ќе го обожава целото семејство.

krckavi-pecheni-lepchinja-so-puter-i-luk-01.jpg

Доколку сакате, можете да го подготвите и во посна варијанта, со алтернативи од растително потекло.

Како да ги подготвите овие крцкави печени лепчиња?

Потребни состојки:

  • 1 багет (или леб по ваша желба)
  • околу 200g путер
  • 5 чешниња лук
  • ситно сечкан магдонос
  • сол, чили, мелен пипер (по вкус)
  • 100g кашкавал

Начин на подготовка:

  • Измешајте ги путерот (на собна температура), ситно сечкан лук, магдоносот и зачините за да се спојат убаво.
  • Премачкајте ги парчињата леб со смесата, па печете во загреана рерна на 200°C околу 10 минути.
  • Кога лебот ќе зарумени, ставете кашкавал (рендан или тенко парче) врз секое парче, па печете уште 5 минути.
  • Секое парче леб/багет пресечете го на помали парчиња.
  • Послужете го со павлака, кечап или со омилениот сос.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

 

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...

Најчитани неделава