Посни пржени лепчињa - крцкави и вкусни
Што мислите за посна варијанта на вашиот омилен појадок? Мора да ги пробате овие вкусни пржени лепчиња!

Ако постите, а пржените лепчиња ви се омилениот појадок - тогаш мора да ја пробате посната варијанта на ова јадење.
Сите ги знаеме пржените лепчиња со јајца. Скоро и да не постои некој што не ги обожава.
Но, што ако постите и ви недостига нивниот вкус?
Пробајте ја оваа посна варијанта на вкусни и крцкави лепчиња.
Потребни состојки:
- Неколку кришки леб
- 400ml млака вода
- 3-4 лажици брашно
- 2-3 лажички сенф
- Малку сол
Начин на подготовка:
- Во млаката вода ставете 3-4 лажици брашно и спојте ги двете состојки за да добиете смеса како тесто за палачинки.
- Додадете уште малку брашно ако смесата ви е многу ретка.
- Кога смесата ќе биде мазна, додадете неколку лажички сенф (по вкус) и малку сол.
- Секое парче леб потопете го во смесата од двете страни, па испржете го.
- Пржените кришки ставете ги врз листови хартија кои ќе го впијат вишокот масло.
- Послужете ги со ајвар, посен мајонез или салата по желба.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобелo
Би можело да ве интересира:
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути
Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...