Лесна и вкусна ресана торта - се прави за 10 минути и без печење
Ова е дефинитивно најбрзата торта што ќе ја направи и некој што првпат влегува во кујна – не се пече, нема многу состојки и е превкусна.

Ако сте љубител на ресана, тогаш оваа торта е како измислена за вас.
Лесен рецепт ако не сакате да заглавите во кујна со часови и нема опција да не ви се погоди.
Потребни состојки:
- 400g плазма бисквити
- Дупло пакување ресани
- 700g кисела павлака
- 2 лажици грчки јогурт
За прелив:
- 200g бело чоколадо
- 2 реда црно чоколадо
- 70ml слатка павлака


-->
-->
Начин на подготовка:
- Искршете ги бисквитите на средно големи парчиња, а ресаните исечете ги на четвртинки (или помали делови).
- Ставете ги заедно во сад, истурете ја павлаката, измешајте, а потоа додадете го и грчкиот јогурт и добро соединете ја смесата.
- Истурете во калап за печење и убаво втиснете ја и разнесете ја смесата насекаде, па измазнете ја и ставете во фрижидер да се стегне.
- Во меѓувреме, во тенџере ставете ги слатката павлака и белото чоколадо и оставете да се стопи и соедини смесата на тивок оган, па додадете го и црното чоколадо и убаво измешајте.
- Истурете го филот врз смесата од бисквити и ресана, декорирајте по желба со јагоди и парчиња ресани и ставете да се излади и стврдне пред да послужите.
Видео постапка:
-->
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил
Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...
Во кујна со Катарина Ивановска - Рецепт за боранија со јунешко, манџа што ја обожаваат нејзините дец...
„Децата јадат буквално сè, а најмногу им се допаѓаат моите манџи. Мајка ми ...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
