Рецепт за старинска раванија, како на нашите баби
Иако нашите баби биле сериозни домаќинки во кујна, сепак ова е лесен рецепт кој ќе може да го направи секој, а вкусот ќе ве врати назад во детството.

Иако многупати мислиме дека рецептите од нашите баби се многу комплицирани, бидејќи тие имале натпросечни вештини, сепак се наоѓаат и некои специјалитети кои се лесни за правење.
Издвојуваме мека, вкусна и сочна раванија, која се прави многу брзо и едноставно, а вкусот буди посебна носталгија.
Потребни состојки:
- 7 јајца
- 120g шеќер
- 100g гриз
- 30g брашно
За шербет:
- 600g шеќер
- 600ml вода
- 60ml сок од лимон
Начин на подготовка:
- Ставете ги водата, шеќерот и сокот од лимон во тенџере и кога ќе почне да врие оставете 5 минути, па тргнете настрана да се лади.
- Во длабок сад, изматете ги јајцата и шеќерот со миксер на најсилна брзина – смесата треба да стане двапати поголема и да добие светла боја.
- Потоа намалете ја брзината на миксерот на најслаба и постепено додавајте ги гризот и брашното додека постојано мешате.
- Кога ќе се соедини смесата, намачкајте го садот за печење со масло од сите страни и истурете ја смесата, распоредувајќи ја подеднакво насекаде.
- Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 200 степени Целзиусови, 20 минути.
- Со ладен шербет, со помош на кутлача, прелијте го врелиот колач постепено, ставајќи насекаде.
- Ставете да се лади во фрижидер најмалку 3 часа, а потоа декорирајте по желба, послужете и уживајте во вкусот.
Погледнете видео постапка:
M. M. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути
Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост
Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба
Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...