Вкусен тарт со малини и бело чоколадо

Пролетта носи нови вкусови, па класичните торти и колачи што вообичаено ги подготвувате, заменете ги со крцкав и вкусен тарт со малини и бело чоколадо.

vkusen-tart-so-malini-i-belo-chokolado-01.jpg

Ако сте љубител на слатки, ви се најавиле гости или децата ви бараат нешто благо, тогаш можете да го подготвите овој десерт.

Самата подготовка е лесна, но ќе треба да бидете трпеливи и да го оставите неколку часа да се стегне пред да го послужите.

vkusen-tart-so-malini-i-belo-chokolado-05.jpg

Потребни состојки:

За кората:

  • 300g мелени бисквити
  • 50g шеќер во прав
  • 115g несолен путер, растопен

За филот:

  • 350g бело чоколадо
  • 120ml слатка павлака
  • 50g несолен путер
  • 250g свежи малини

vkusen-tart-so-malini-i-belo-chokolado-02.jpg

Начин на подготовка:

  • Најпрво измешајте ги мелените бисквити и шеќерот во прав, па додадете го растопениот путер.
  • Мешајте додека не добиете компактна смеса, па распоредете ја на дното и на страните на калап за тарт (со дијаметар од 23cm).
  • Ставете го во тестото во фрижидер додека го подготвувате филот.
  • Искршете го чоколадото на коцки, па ставете го во длабок сад.
  • Почнете да го топите во микробранова печка, па кога ќе омекне во истиот сад додадете ги слатката павлака и путерот.
  • Повторно вратете го садот во микробранова печка и загревајте ги состојките на интервали од 20-25 секунди, па мешајте, додека целата смеса не се стопи и не се изедначи.
  • Извадете го тестото од фрижидерот и врз него наредете ги малините.
  • Прелијте ги со смесата од бело чоколадо одозгора.
  • Вратете го тартот во фрижидер додека убаво не се стврдне (околу 2 часа или преку ноќ), а дури потоа послужете го.

vkusen-tart-so-malini-i-belo-chokolado-03.jpg

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...

Најчитани неделава