Лисната пита со крцкави компири - ќе барате парче плус

Оваа солена пита со префинет и неодолив вкус, е совршена за брза и вкусна вечера.

lisnata-pita-so-krckavi-kompiri-kje-barate-parche-plus-01.jpg

Италијанците ја обожаваат и често ја подготвуваат, со тоа што наместо лосос (како во овој рецепт), ставаат шунка, пршута или сланина, по вкус.

Брзо се подготвува, а ако еднаш ја пробате, веднаш ќе побарате парче плус.

Потребни состојки:

  • 1 пакување лиснато тесто
  • 3 средно големи компири
  • 100g чаден лосос (или по вкус - пршута, сланина, печеница и слично)
  • 150g кашкавал
  • 1 жолчка од јајце
  • 60g лебни трошки
  • Маслиново масло, сол, бибер, пармезан и сусам по вкус

Начин на подготовка:

  • Излупете ги компирите, исечете ги на коцки и варете ги додека не омекнат.
  • Зачинете ги со маслиново масло, сол, бибер, лебни трошки и пармезан.
  • Развлечете го лиснатото тесто во тркалезна тава, па врз него распоредете го тенко исечканиот чаден лосос, кашкавалот, а најгоре ставете го зачинетиот компир.
  • Краевите од тестото префрлете ги врз питата (како во видеото).
  • Додадете уште малку маслиново масло и посипете пармезан.
  • Рабовите на тестото премачкајте ги со изматената жолчка од јајце и наросете ги со сусам.
  • Печете во рерна на 190°C околу 25 минути (или додека не порумени).
  • Питата послужете ја топла.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...

Најчитани неделава