Кремаста јогурт торта со јагоди - лесен и здрав десерт
Оваа торта потсетува на чизкејк, но е поздрава, а за нејзина подготовка ви требаат само 4 состојки. Дали би ја пробале?

Ако се храните здраво, а сакате вкусен десерт, наша препорака е јогурт торта, која се подготвува лесно, а ќе ја обожаваат сите.
Затоа, направете ја уште денес.
Потребни состојки (за 6-8 мали парчиња):
- 300g грчки јогурт (5% масленост)
- 50ml мед
- 20g пченкарно брашно (2 лажици)
- 2 јајца
- Јагоди за декорација
Начин на подготовка:
- Во длабок сад ставете ги сите состојки и мешајте додека не добиете мазна смеса.
- Кружен калап (15cm) обложете го со хартија за печење и внатре истурете ја смесата.
- Протресете го калапот за смесата да се распореди рамномерно, а потоа покријте ја со алуминиумска фолија.
- Печете на 180°C околу 50 минути (но, отстранете ја фолијата по 20 минути).
- Откако ќе ја извадите тортата од рерна, оставете ја да се олади во калапот, а потоа префрлете ја на чинија (заедно со хартијата за печење).
- Внимателно префрлете ја тортата на чинијата, зашто таа ќе биде малку мека и кршлива, но ќе се стегне - оставете ја во фрижидер околу 2 часа.
- Исечкајте ги јагодите, ставете ги во длабок сад и измешајте ги со мед и малку сок од лимон (за да не потемнат).
- Кога ќе ја извадите од тортата од фрижидер, отстранете ја хартијата за печење, па украсете ја со јаготките (или овошје по желба).
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути
Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите
Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус
Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Совршено летно мезе - Крцкави тиквички потпечени во рерна, со сос од грчки јогурт
Тиквичките може да се подготват на десетици разни начини, но овие со лебни трошк...