Сочна пита со вишни и плазма - десерт на кој нема да му одолеете
Комбинација на сладок и киселкаст вкус, пита која се топи во устата - едноставно, мора да ја пробате.

Некои вкусови се „кулинарски евергрин“, а токму таква е питата со вишни.
Но, кога на тоа ќе додадете и плазма, вкусот е незаменлив.
Како да ја подготвите?
Потребни состојки:
- 500g кори за пита
- 600g вишни
- 250g мелена плазма
- 3 ќесички ванилин шеќер
- 150g маргарин
- 300ml вода
- 15 лажици шеќер
- Масло по потреба за премачкување на кората
Начин на подготовка:
- Земете една кора, премачкајте ја со масло, врз неа ставете ја втората кора, па наредете вишни и мелена плазма на крајот од кората (како во видеото) и свиткајте ги убаво.
- Готовите кори наредете во подмачкан плех за печење.
- Повторувајте ја постапката додека не го потрошите целиот материјал.
- Исечете ја питата на парчиња пред да ја печете.
- Растопете го маргаринот со 2 ќесички ванилин шеќер и со смесата прелијте ја питата.
- Печете во претходно загреана рерна на 180-200 степени околу 20 минути или додека убаво не порумени.
- Сварете 300ml вода, со 15 лажици шеќер и 1 ванилин шеќер во вид на шербет (да не е многу густ).
- Кога ќе е готов, со шербетот прелијте ја топлата пита.
- Оставете добро да се олади пред сервирање.
Видео постапка:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна
Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори
Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Вкусна пита со боровинки и лимон
Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо
Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Вкусна и лесна - пита од тиквички, готова за помалку од еден час
Наместо класичните рецепти за пита со сирење или месо, зошто да не направите пит...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...