Меки лиснати кроасани со шунка и кашкавал

Лиснатите кроасани се прават најбрзо ако ги подготвувате со готово лиснато тесто. Па уште кога ќе им додадете шунка и кашкавал, вкусот е неодолив.

meki-lisnati-kroasani-so-shunka-i-kashkaval-01.jpg

Се подготвуваат брзо и лесно и имајте ја предвид оваа рецепта за следниот пат кога ќе ви се најават гости.

Како да ги направите?

Потребни состојки:

  • 1 пакување лиснато тесто (250g)
  • 3 лажици кисела павлака
  • 100g шунка, тенко сечкана
  • 4 парчиња тенко исечен кашкавал
  • 1 жолчка
  • Сусам или семе од чиа за наросување

Начин на подготовка:

  • Ставете го лиснатото тесто врз хартија на работната површина, па премачкајте го со павлаката.
  • Потоа на едната половина наредете ги парчињата шунка, а врз нив и кашкавалот (како во видеото).
  • Покријте ја таа половина со другиот дел од лиснатото тесто.
  • Исечете го тестото на вид на триаголници и сврткајте во во вид на кроасан.
  • Премачкајте ги кроасаните со жолчка од јајце, па наросете ги со чиа семе или сусам.
  • Наредете ги врз плех и печете ги во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 15 минути.
  • Послужете ги топли.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка „Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава