Кремаст колач со пишкоти и јагоди без печење - вкусен пролетен десерт
Во сезоната на јагоди, опциите за вкусни пролетни десерти се неограничени.

Додека трае сезоната на јагоди (иако тие може да се најдат преку цела година во маркетите), направете го овој брз десерт без печење.
Вкусот е кремаст и неодолив и ќе им се допадне на сите.
Потребни состојки:
- 200g пишкоти
- 100ml млеко
- 3 кесички пудинг
- 900ml ладно млеко
- 400g јагоди
- 1 кесичка шлаг
Начин на подготовка:
- Сварете ги пудинзите со 900ml млеко, според упатствата на кесичката.
- На дното на огноотпорен сад наредете еден ред пишкоти, прелијте ги со малку млеко, а потоа прелијте ги со половина од пудингот.
- Јагодите исечкајте ги на резанки или на коцкички, па половина од нив ставете преку пудингот.
- Повторете ја постапката - наредете нов ред пишкоти, врз нив остатокот од пудингот и на крај ставете јагоди.
- Најгоре ставете шлаг, кој ќе го подготвите според упатството на кесичката.
- Ставете го колачот во фрижидер да се стврдне, па послужете го.
Видео постапка:
Би можело да ве интересира:
Кремаст Фереро Роше тарт - ќе барате парче плус
Се подготвува брзо, со корнфлекс, а токму тој му го дава крцкавиот шмек што го и...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство
Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив
Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди
Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен
Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...