Летен хит: Направете си сами здрав, протеински сладолед од ф’стак

Здрав, кремаст, освежителен и протеински десерт - сладоледот од ф'стак е новиот вирален хит на социјалните мрежи, а лесно ќе си го направите сами со неколку состојки измешани во блендер. 

leten-hit-napravete-si-sami-proteinski-sladoled-od-f-stak-01.jpg

Ако летово ви е потребен десерт за освежување, овој протеински сладолед е вистински избор.

По сите можни варијации на десерти инспирирани од Дубаи чоколадото, сега на ред е сладолед од ф'стаци, но во здрава верзија. 

Се подготвува многу лесно, со неколку состојки измешани во блендер, а ќе добиете кремаст и вкусен десерт. 

Потребни состојки:

  • 250g грчки јогурт
  • 115g котиџ сирење
  • 120g ф’стаци (несолени или малку солени)
  • Сок од ½ лимон
  • 1-2 лажици мед

Начин на подготовка:

  • Ставете ги сите состојки во блендер, изблендирајте додека не се изедначи и добие кремаста смеса, па префрлете во сад.  
  • Декорирајте со малку искршени ф’стаци или декорација по желба и ставете да се замрзне.

Видео постапка: 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Летен колач со кокос и овошје, подготвен во стилот на нашите баби Колачот со кокос и овошје е во стилот на раванијата или колачот со вишни што го ...
Вкусни ф’стак колачиња, од само 3 состојки - ќе сакате сами да ги изедете сите Овие колачиња од ф’стак се толку вкусни што нема да сакате да ги делите ни со се...
Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...
Свежа салата во форма на божиќно венче – хит на социјалните мрежи (видео) Најлесната свежа и здрава салата, која се декорира во форма на божиќно венче - и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg