Јуфки на традиционален начин, по рецепт на Македонката Зорка
Домашните јуфки се еден од најпознатите вкусови на детството - сварени во посолена вода, со сиренце - прсти да излижеш. Но, дали сте пробале да ги направите во сос од домати?

Зорка Јанчева, Македонка која живее во Шведска, во Фејсбук групата „Македонска софра“ честопати споделува рецепти од своите омилени јадења.
Еден од нив е рецептот за домашни јуфки со зеленчук, за кој вели дека се подготвува лесно.
„Драги мои, денес имам вакви тестенини, и не знам дали некој подготвил кори или јуфки на овој начин, но сварените тестенини се многу убави и вкусни и брзи за подготовка“, напиша таа пред да го сподели рецептот.

Ако сакате лесен, а вкусен ручек, по традиционален рецепт, пробајте го:
Потребни состојки:
- 1 главица кромид, исечкан на ситно
- 1 домат, исто така ситно исечкан
- Нане или копар
- 2 чешниња лук
- Малку масло, сол, црвен пипер и бибер

Начин на подготовка:
- Кромидот се препржува на малку масло, па се додаваат доматите и лукот.
- Кога ќе почнат да омекнуваат, додадете црвен пипер и прелијте ги со вода, зачинете со бибер и посолете по вкус.
- Во смесата додадете го корите, па крчкајте го ручекот додека течноста не испари.
- Пробајте ги дали се сварени или треба да додадете уште малку вода.
- По желба, можете да ги потпечете во рерна, наместо да ги варите на рингла.
Повеќе фотографии од рецептот објавен на Фејсбук:




А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате
Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка
„Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
Во кујна со Сашка од Куманово: „Мајка ми ме научи да правам тегнета баница со праз - кој е рецептот?...
„Тегнета баница со праз е вкус кој потсетува на топлина, на семејство, буквално ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути
Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак
Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...