Меки ѓевречиња по турски рецепт - ќе ги подготвувате постојано

Во студените денови, ништо во домот не е поубаво од мирисот на тазе испечено тесто. Дали некогаш сте правеле ѓевречиња по турски рецепт?

meki-gjevrechinja-po-turski-recept-kje-gi-podgotvuvate-postojano-01.jpg

Овој лесен турски рецепт за ѓевречиња е омилен во многу домови.

Домаќинките во Турција ги подготвуваат често и толку се меки и вкусни, што ако ги направите еднаш, ќе ги подготвувате постојано.

Потребни состојки:

  • 2 чаши млака вода
  • 1 кесичка сув квасец
  • 2 лажици шеќер
  • 5-6 чаши брашно
  • 1 лажичка сол
  • 70g путер + 100g путер за развлекување на тестото

Начин на подготовка:

  • Ставете ги квасецот и шеќерот во млака вода и измешајте за да се крене.
  • Во друг сад ставете ги брашното и солта, додадете го стасаниот квасец и замесете тесто.
  • Кога ќе се спојат убаво, додадете го путерот (претходно омекнат) и уште еднаш размесете.
  • Оставете го тестото да отстои 10 минути.
  • Развлечете го тестото во правоаголник, премачкајте го со 100g путер, исечете го и превиткајте како што е прикажано во видеото.
  • Оставете го превитканото тесто да отстои во фрижидер околу 40 минути.
  • Извадете го и повторно расукајте го во форма на правиаголник.
  • Исечете го на ленти широки околу 2 прста.
  • Направете мал засек во средината на секоја лента (видете во видеото), па потоа завртете ја и обликувајте во форма на ѓеврек.
  • Наредете ги ѓевречињата на плех за печење и оставете ги да нараснат околу 1 час.
  • Премачкајте ги со жолчка од јајце и печете ги во претходно загреана рерна на 180 степени додека не добијат златно-кафеава боја.

Видео постапка:

А. Ј. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...
Рецепт за крцкави тиквички како во грчка таверна - со сос од цацики Тенки, крцкави и златни, исто како тиквичките кои ги нарачувате во традиционални...

Најчитани неделава