Рецепт за француска кремпита со фил од пудинг и вишни
Неодолив спој на крцкаво лиснато тесто, сочен кремаст фил од ванила и свежи вишни – се прави лесно и брзо, а уште побрзо ќе се изеде со сласт.

Доколку сте љубители на крцкави и кремасти десерти со бел фил, оваа кремпита е измислена за вас.
Се прави многу лесно и едноставно, а вкусот е неодолив, крцкав, сочен и освежителен истовремено.
Потребни состојки:
- 500g готово лиснато тесто (развлечено)
За филот од фанила:
- 1.5l млеко
- 240g пудинг од ванила (6 кесички)
- 12 лажици шеќер
- 250g маргарин или путер
- 400ml слатка павлака
За филот од вишни:
- 350g вишни
- 120g шеќер
- 100ml вода
- 40g густин
Дополнително:
- 250ml слатка павлака како горен слој под горната кора
Начин на подготовка:
- Испечете на 210 степени Целзиусови две кори од лиснатото тесто додека не поруменат, откако претходно ќе ги избоцкате и ќе ги ставите на превртен плех.
- Во меѓувреме, подгответе го пудингот според упатството со млеко, па потоа додадете го путерот и измешајте убаво да се соедини на ниска температура.
- Кога ќе се излади смесата, повторно изматете ја и додадете ја слатката павлака.
- За филот од вишни, сварете ги вишните со шеќер, разматете го густинот во водата и додадете го во вишните, промешајте и оставете малку да се излади, но не целосно.
- Потоа во длабок сад ставете ја едната кора, па распоредете поголем дел од филот од ванила.
- Врз него ставете и од млакиот фил од вишни, па додадете го остатокот од ванила.
- На крај ставете уште 250ml слатка павлака и покријте со искршени парчиња од другата кора.
- Посипете со шеќер во прав и послужете.
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири
Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...
Рецепт за намаз од варени јајца – кремаст и сочен за мачкање леб
Ако ви останаа многу велигденски јајца, изрендајте ги, додадете неколку состојки...