Рецепт за почетници во кујна: Како да направите вкусни полнети пиперки?

Мирис на печени пиперки, вкусен ручек како кај мама или баба... Како да си направите сами полнети пиперки со ориз и месо, сочни, вкусни и неодоливи?

recept-za-pochetnici-vo-kujna-kako-da-napravite-vkusni-polneti-piperki-01.jpg

Независно дали сте почетник во готвењето или едноставно никогаш не сте имале прилика да го направите овој ручек, сепак вреди да се проба.

Доколку ви треба рецепт за полнети пиперки, овој ќе ви се најде одлично.

Се прават лесно, а секоја следна подготовка, ќе има уште подобар резултат.

Потребни состојки:

  • 10-12 пиперки за полнење, зависи од големината
  • 1.2kg мелено месо (мешано)
  • 1 кромид
  • 2 чешниња лук
  • Сол, бибер и мешавина од зачини
  • 1 шолја од 200ml ориз
  • 1 лажица црвена пиперка
  • Масло
  • Домат (количината зависи од големината, за затворање на пиперките)

За преливот:

  • Масло
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажица сува мешавина од зачини
  • 1l доматен сос
  • 500ml вода
  • Прстофат шеќер

Начин на подготовка:

  • На масло на средна температура продинстајте го кромидот додека не омекне, па додадете го меленото месо.
  • При крај на динстањето на месото, додадете сол, бибер и сувиот зачин и измешајте.
  • Додадете го измиениот ориз, црвената пиперка, лукот и измешајте убаво, па оставете неколку минути на оган.
  • Претходно исчистените пиперки, наполнете ги со смесата и наредете ги во длабок сад за печење, со отворот нагоре.
  • Затворете го отворот од секоја пиперка со парче домат.
  • За преливот: Во длабок сад, ставете ги брашното, шеќерот и сувиот зачин, измешајте ги со малку доматен сос, па потоа додадете го остатокот од сокот и водата, измешајте и прелијте ги пиперките.
  • Печете со капак во загреана рерна на 200°С околу еден час, а потоа уште 30 минути без капак.

Видео постапка: 

 

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Сашка од Куманово: „Мајка ми ме научи да правам тегнета баница со праз - кој е рецептот?... „Тегнета баница со праз е вкус кој потсетува на топлина, на семејство, буквално ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за највкусните домашни крофни – сите ќе бараат уште Ако сте гурман, но и со вешти раце, тогаш вреди да го пробате овој рецепт за вку...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...

Најчитани неделава