Подгответе колачиња со есенска арома

Јаболка, рум, цимет, тиква...некои од аромите на есента кои ако ги искористите по наша препорака, ќе може да уживате во прекрасни и сочни залчиња.

podgotvete-kolacinja-so-aroma-na-esen-01

Чоко мафин со лeшник

Потребно е:

100g маргарин, 200g шеќер, кесичка ванилин шеќер, 2 јајца, 50g топено црно чоколадо, 200ml млеко, 100g брашно, 100g какао, 50g пудинг од чоколадо, половина прашок за печиво, лажичка сода бикарбона, 2 лажици цимет, 70g сечкани лешници

Подготовка:

Изматете го маргаринот со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додадете едно јајце, па откако смесата ќе се соедини додадете го и другото. Истурете ја истопената чоколада, а потоа додавајте ги и какаото, млекото, пудингот во прав, со постојано мешање. На крај додадете ги прашокот за печиво, сода бикарбона и цимет. Во калап за мафини ставете хартиени корпици и наполнете ги до половина. Останатата половина наполнете ја со кршени лешници и печете на 180 степени околу 20 минути.

podgotvete-kolacinja-so-aroma-na-esen-02

Колач со вишни и бадеми

Потребно е:

За тесто: 200g путер, 200g шеќер, ванилин шеќер, јајце, прстофат сол, 500g брашно, прашок за пециво, цимет по желба

За фил: 150g вишни, 100g сечкани бадеми, 2-3 лажици џем од сливи

Подготовка:

Во длабок сад ставете го брашното со прашокот за печиво, обичниот и ванилиниот шеќер, солта, циметот и полека додавајте го растопениот путер. Со миксер направете ронливо тесто. Во длабок плех, премачкан со масло, истурете го тестото. Премачкајте го со џем, наредете ги вишните без семки и сечканите бадеми. Можете да го печете како колач или пак да го замотате во вид на ролат. Печете околу 25 минути на 200 степени.

podgotvete-kolacinja-so-aroma-na-esen-03

Коцки со рум

Потребно е:

За бисквит: 200g шеќер во прав, јајце, 50g маргарин, 40g мед, 300g брашно, прашок за печиво, 2dl млеко

За прелив: 250g шеќер, 200g маргарин, 50g какао, 5 лажици вода, ½ dl рум, 200g кокос

Подготовка:

Растопете го маргаринот, па додајте го медот. Изматете го јајцето, додадете ја течноста од мед и маргарин, млеко, брашно и прашок за печиво. Во намачкан плех истурете ја смесата и печете на 180 степени околу 25 минути. Потоа растопете ги сите состојки за прелив, па измачкајте ги испечените коцки со него. На крај извалкајте ги во кокос.

podgotvete-kolacinja-so-aroma-na-esen-04

Би можело да ве интересира:

Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Лиснато со јаболка со цимет - колачи со кои домот ќе замириса на есен Топол дом, мирис на тазе испечен колач со јаболка и цимет. Има ли нешто што толк...

Најчитани неделава