Подгответе сладок десерт со корите од мандарините

Есента е време кога мандарините се на секој чекор, па можеби затоа понекогаш не ни делуваат неодоливо вкусно. Ги лупиме, јадеме и ја фрламе кората, без да знаеме во што можеме да ја претвориме.

od-korata-na-mandarinite-podgotvete-sladok-desert-01

Идеално би било ако пронајдете непрскани и домашно одгледани мандарини за овој рецепт.

Потребно ви е:

  • 500-600g мандарини
  • 1 лажица сол
  • 350g кристален шеќер
  • 350ml вода
  • Уште малку кристален шеќер за валкање на корките

Постапка:

Излупете ги мандарините, сочната внатрешност изедете ја, а корите не ги фрлајте. Наместо тоа ставете ги во лонец, прелијте ги со 300-400ml вода и додајте 1 лажица сол. Варете додека водата не зоврие.

Кога ќе проврие, истурете ја водата, а корите сочувајте ги. Овој чекор е неопходен за да ја извадите горчината на кората и доволно е да ја направите само еднаш, додека кај потрокалите неопходни се 3 до 4 пати.

Сварените кои исечкајте ги на тенки ленти. Во друг лонец промешајте 350g шеќер и 350ml вода и оставете ја мешавината да се свари, а шеќерот да се растопи. Полека додавајте ги корите и варете на тивок оган 30 до 40 минути, или додека корите не станат провидни, а сирупот густ.

Внимателно прецедете ги корите и оставете ги половично да се исушат. Потоа валкајте ги низ неколку лажички кристален шеќер и распоредете ги на хартија за печење, за полесно да се исушат.

Сувите парчиња кора од мандарина префрлете ги во тегла.

Можете да ги користите како додаток за колачи, топли напитоци или пак како слатки грицки кога ќе ви падне шеќерот и потребата за слатко задоволство ќе биде на високо ниво.

od-korata-na-mandarinite-podgotvete-sladok-desert-02

Совет плус: Ќе добиете супер напиток ако на дното на шолјата ставите 3-4 парчиња зашеќерена корка од мандарина, кои ќе ги прелиете со врело какао и добро промешате.

Чоколадниот пијалак со нежна цитрусна арома е совршено зимско затоплување!

Би можело да ве интересира:

Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...
Турски рецепт за раванија со кокос, десерт за целото семејство Љубителите на раванија или на колачите со шербет без сомнение ќе уживаат во овој...

Најчитани неделава