Вкусна шпанска салата со печен компир

Денес направете интересен и брз рецепт од Шпанија. Послужете го компирот на поинаков начин и уживајте во неговиот вкус.

vkusna-spanska-salata-so-pecen-kompir-01

Погледнете што ви е потребно:

  • ½ кг ситен компир
  • 3 лажички маслиново масло
  • 1 ¼ лажички сол
  • ½ лажичка црн бибер
  • 4 чешниња ситно исечкан лук
  • 4 лажички мајонез
  • 1 лажичка лимонов сок
  • 1 лажичка сенф

Упатство:

Загрејте ја рерната на 200 степени. Компирот исечете го на половина или на четвртинки. Додајте 2 лажички маслиново масло, ¾ лажички сол и бибер. Промешајте и наредете ги компирите  во тепсија обложена со хартија  за печење. Печете го компирот околу 40 минути , завртете го во текот на печењето додека не добие златно-кафена боја. Извадете го од рерната и оставете го да се излади . Во една чинија помешајте ½ лажичка сол и 1 лажичка маслиново масло, добро исечканиот лук, мајонез, лимонов сок и сенф. Посипете ја мешавината врз компирите.

vkusna-spanska-salata-so-pecen-kompir-1

Би можело да ве интересира:

Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...

Најчитани неделава