Седум мали трикови во кујната

Сигурно често ви се случуваат грешки и проблеми во кујната. Освен ако не сте професионален готвач кој знае секоја ситуација да ја искористи во своја полза и веројатно ги знае сите трикови.

sedum-mali-trikovi-vo-kujnata-01

Во тој случај некои мали совети може многу да ви помогнат следниот пат:

1. Бананите оставајте ги во истиот сад во кој ви стои овошјето бидејќи бананите испуштаат гасови кои на останатите овошки влијаат позитивно и побрзо созреваат. Но со тоа и многу побрзо се расипуваат.

2. Пред да почнете да сечете лути пиперки , премачкајте ги рацете со билна маст. Тоа ќе ги заштити вашите раце и ќе спречи лутите материи од пиперките да ви навлезат во порите.

3. Доколку ви загори оризот, на оној дел од тавата кој останал чист, ставете парче леб и оставете ја да отстои 5-10 минути. Лебот ќе ги впие сите загорени мириси.

4. Замрзнатото месо ќе се одмрзне побрзо ако го премачкате со оцет.

5. Компирот ќе из`рти подоцна ако во кесата или вреќата ставите едно јаболко.

6. Кога ќе ви остане вино после вечерата, замрзнете го во калапче за коцки и вадете ги кога ќе ви бидат потребни за готвење.

7. Пуканките ќе ги направите побрзо ако зрната претходно ги потопите во чаша вода. Држете ги така околу 10 минути, а потоа извадете ги и избришете ги со крпа пред печење.

Би можело да ве интересира:

Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...

Најчитани неделава