Тајната на вкусната баклава

Наскоро ќе приготвувате баклава? Некој ќе каже, тоа е показател за вистинска домаќинка. Сите домаќинки имаат различни рецепти, секој додава нешто ново, посебно, крие некоја мала тајна која ја кажува само на следниот наследник на кујната во семејството.

tajnata-na-vkusnata-baklava

Баклавата е широко распространет десерт особено во Балканските земји како за Божиќните така и за муслиманските празници. Имено, баклавата е бисерот на овие празници. Сетете се дека тоа е оној посебен момент кога одите на гости и ќе вкусите нечија вкусна тајна. Прекрасно!

Најчесто баклавата се состои од неколку тенки кори една врз друга, но и кори завиткани, претходно натопени во шеќер и млеко. Вака приготвените кори најнапред се сечат на мали коцки, триаголници или правоаголници, потоа се печат до перфекција и се прелеваат со шербет. Во неа може да се додадат различни филови. Во Арменија на пример во баклавата се додава цимет а во Грција таа секогаш има 33 слоеви на кори во чест на должината на Исусовиот живот, 33 години. Во Грузија во баклавата честопати се додава ванила, путер и павлака. Во Иран, баклавата е збогатена и со вода од роза a во Израел со сок од лимон или портокал. Така овој десерт кој обединува толку многу народи култури и традиции, допрен од преференците на тамошните луѓе, е добра тема за разговор и пријателство помеѓу различни народи.

Од каде и точно да потекнува, SUNDАY одамна ја има препознаено магичноста на овој вкусен десерт и затоа со години усовршуваме варијации на баклава која без трошка сомнеж знаеме дека ќе наиде на восхит од Вашите најблиски. Во пресрет на Божиќните празници Ве предизвикуваме SUNDAY да биде Вашата домашна баклава, затоа што таа е инспирирана токму од топлината на домот! Во преубавата природа, постоиме за внимателно да одбереме состојки кои ги комбинираме во вкусови кои достојно ќе стојат покрај вашите домашно приготвени десерти. Ви нудиме традиционална баклава со ореви, тригуна со ореви, тригуна со вишна, ролована баклава со ореви и чоко баклава.

Ви посакуваме топли празнични денови, весели разговори, грстови меѓусебна љубов и вкусни SUNDAY моменти!

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Ангела од Кочани: Домашни пиварки со кокос и ореви, по рецепт од баба ѝ „Голем љубител на готвењето сум, почнав да готвам јадења уште од 4-то одделение,...

Најчитани неделава