Прославете го светскиот ден на Нутела: Подгответе домашна Ferrero Rocher торта

Денес, 5ти февруари е светскиот ден на најчоколадната делиција која го носи името Нутела. Интернационално познатиот крем секој 5ти февруари го слави како „свој ден” од 2007 година, па во нејзина чест вреди да одвоите неколку минути во кујната.

proslavete-go-svetskiot-den-na-nutela-podgotvete-ferrero-rocher-torta-01

Ако до сега ја немавте традицијата за прославување на Нутела денот, време е да ја усвоите.

Повикајте ги најблиските и послужете домашна Ferrero Rocher торта и шолја топло кафе.

За подготовка потребно ви е:

За бисквит:

  • 6 жолчки
  • 6 белки
  • 100g темна чоколада
  • Малку сол
  • 1 лажица шеќер

За фил:

  • ½ kg Нутела
  • ½ kg маскарпоне сирење
  • 250 g крупно сечкани лешници

Одвојте ги белките и жолчките во посебни садови. Со електричен миксер белките матете ги додека не добиете цврста пена, а потоа додајте малку сол и лажица шеќер. Изматете ги и жолчките.

Стопете го чоколадото и спојте го со жолчките, па рачно, внимателно истурете ја смесата во изматените белки.

На мрсна хартија за печење, во калап истурете ја густата смеса и печете 15-20 минути на 200 степени.

Во меѓувреме подгответе го филот. Со миксер изматете го сирењето, Нутелата и 150 грама од лешниците.

Откако бисквитот ќе се испече, оставете го да се олади, а потоа кремот премачкајте го внимателно.

Од горе проросете ги преостанатите лешници и тортата оставете ја да се лади 2 часа.

Послужете и декорирајте со чоколаден прелив или свежо овошје, по желба.

proslavete-go-svetskiot-den-na-nutela-podgotvete-ferrero-rocher-torta-02

proslavete-go-svetskiot-den-na-nutela-podgotvete-ferrero-rocher-torta-03

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...

Најчитани неделава