Три предлози за брз ручек

За оние кои немаат многу време за стоење пред рерната, ви предлагаме 3 јадења кои брзо ќе ги подготвите за помалку од половина час.

3-predlozi-za-brz-rucek-01

За кое и да се одлучите, нема да погрешите!

Крем супа од моркови

Состојки за 2 личности:

  • 4 моркови
  • ½ главица лук
  • 2dcl вода
  • 4dcl млеко
  • 3 лажици слатка црвена пиперка
  • Масло,сол,бибер

Подготовка: Поедноставно од ова не може. Пропржете го лукот на малку масло и додајте ги наренданите моркови. Прелијте со вода и варете додека зеленчукот не омекне. Додајте ја слатката пиперка и млекото, а потоа посолете по вкус. Варете уште најмногу 10 минути.

3-predlozi-za-brz-rucek-02


Пилешко на мандарински начин

За пилешкото:

  • 600g пилешко
  • 3 чешлиња лук
  • Сол и бибер
  • Мелени чили пиперчиња

За сос:

  • 30g шеќер
  • 40g кафеав шеќер
  • 60ml сос од соја
  • Лажица сок од лимон
  • Свеж ѓумбир
  • 60ml вода
  • 3-4 лажици брашно

Подготовка: Преполовете го белиот лук, па со него истријте ги филетите месо од двете страни. Посолете и ставете бибер и чили. Испржете го пилешкото, па потоа исечкајте го на коцки. Во длабока тефлонска тава ставете го обичниот и кафеавиот шеќер, сосот од соја, лимонот и ѓумбирот. Варете најмногу 5-6 минути, а потоа додајте ја водата. Додајте го брашното, а потоа во сосот ставете ги пилешките коцки. Послужете со компир или ориз.

3-predlozi-za-brz-rucek-03


Пилешко во пиво

Состојки:

  • 5 средни батаци
  • Сол, бибер, слатка црвена пиперка, масло
  • 500-700ml светло пиво

Подготовка: Зачинете ги батаците, а потоа пржете ги на загреано масло по неколку минути додека не заруменат. Додајте го пивото кое би требало да го прекрие речиси целото месо. Варете околу 20 минути на средна температура, а потоа засилете го огнот додека пивото не испари.

3-predlozi-za-brz-rucek-04

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава