Подгответе: Посни, кремасти торти

Ако до сега посните десерти не важеа за едно од омилените, по овие торти мислењето потполно ќе ви се промени.

podgotvete-2-posni-kremasti-torti-01

Ќе ве освојат со префинетиот вкус, богатата арома и интересните состојки.

Без оглед на тоа дали постите или не, ќе вреди секој залак кој ќе го вкусите.

Медена торта

Состојки

За кора:

  • 250g мед
  • Чаша пиво
  • Лажичка сода бикарбона
  • ½ шолја масло
  • Брашно по потреба

За фил:

  • 250g шеќер
  • 250g мелени ореви
  • 2 реда посна чоколада

Подготовка:

Од сите состојки заматете не прегусто тесто и испечете 5 кори од него.

Изматете го шеќерот со растопената чоколада и додајте ги оревите.

Држете се до правилото еден ден ред тесто - еден ред фил и за помалку од половина час тортата ќе биде готова.

Одберете глазура по избор, додадете неколку половинкиореви и прелијте со мед.

podgotvete-2-posni-kremasti-torti-02


Торта од портокал

Состојки

За кора:

  • 1 шолја масло
  • Шолја кисела вода
  • 400g брашно
  • Прашок за печиво
  • 100g шеќер

За фил:

  • 4-5 портокали
  • 0,5l вода
  • 350g шеќер
  • 2 пудинзи од ванила
  • 4 лажици густин
  • Маргарин

Подготовка:

Од сите состојки потребни за тестото изматете меко тесто. Испечете 4 кори.

Излупете ги портокалите, сварете ги во половина литар вода, почекајте да се изладат и ситно сечкајте ги.

Во водата каде ги варевте портокалите сварете ги пудинзите до 350g шеќер и 4 лажици густин.

Кога филот ќе се излади, додајте неколку лажички растопен маргарин. Врз секоја кора прелејте подебел слој од филот и финиширајте со растопено посно чоколадо.

podgotvete-2-posni-kremasti-torti-03

Би можело да ве интересира:

Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Кремаста и сочна Барон торта, со многу чоколадо и малини Слаткиот вкус на чоколадо во комбинација со кисели малини ја става Барон тортата...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка „Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...

Најчитани неделава