Мали тајни за сочна, првомајска скара

Факт е дека првомајската скара е најмасниот оброк кој ќе го внесете во вас, но вкусот не се споредува со еднонеделната детоксикација која следи.

mali-tjni-za-socna-prvomajska-skara-01

Ако и вие се одлучивте да се почестите со вкусен и сочен оброк подготвен на скара, постојат неколку трикови кои може да го направат месото уште повкусно.

Вреди да испробате барем една мала тајна и да го споделите резултатот.

1. За месото да биде сочно, а зеленчукот ароматичен, маринирајте го во текот на ноќта во масло, вино, оцет, сол, бибер и уште неколку омилени зачини. Киселините од маринадата го одржуваат месото меко, маслото го чува вкусот, а зачините дополнително го збогатуваат.

2. Ако на скара подготвувате риба, пред печење задолжително премачкајте ја со масло за кожата да остане крцкава. Може да се исечете на неколку места и да ја наполните со рузмарин или мајчина душичка.

3. За ражничи користете помасно месо кое ќе го замотате во сланина или ќе го наполните со зеленчук. Месото нанижете го на гранчиња рузмарин.

4. Пилешките гради исечете ги на дебелина од околу 1 cm, а плескавиците нека не бидат подебели од 2 cm.

5. Совршена температура: Телешкото, пилешкото и рибата секогаш се печат на умерено загреана скара, а не на максимална температура.

6. За сочно месо на парчето месо ставете лажичка путер или маргарин помешан со омилениот зачин.

7. Во маринадата можете да додадете лимон, мед, рен, сенф...

8. Ако сакате да ја разбиете монотонијата од месо, подгответе зеленчук на скара, така што пред печењето ќе го премачкате со масло и ќе го оставите да се пече 10-ина минути.

9. Компирот секогаш печете го во фолија, во близина на месото со најдобар шмек.

Имате ли вие некоја мала тајна за совршено месо на скара? Споделете ја со нас во коментарите.

Би можело да ве интересира:

Сочно пилешко во сос од шери домати и спанаќ Ви се јаде нешто сочно, а дома имате пилешко, но не знаете на кој начин да го по...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Рецепт за летен ручек: Потпечени модри домати со мелено месо и кашкавал Направете си превкусен и лесен ручек за топлите летни денови – редени модри дома...

Најчитани неделава