Заводливи, пролетни десерти со слатки јагоди

Сигурно со нетрпение ги дочекавте овие малечки, црвени и слатки плодови, па затоа искористете ги максимално, затоа што нема да ги има уште долго.

zavodlivi-proletni-deserti-so-slatki-jagodi-01

Ви предлагаме оваа недела да испробате барем еден од овие рецепти и да уживате во освежувачкиот вкус на јагодите.

Тарт со јагоди

Состојки за тесто: 150g брашно, ½ лажица рендана кора од лимон, 60g шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 80g путер, 30g мелени бадеми, 1 јајце, 1 лажица вода

Состојки за фил: 200g јогурт, 250g маскарпоне сирење, 50g шеќер во прав, 3 лажици сок од лимон, ½ лажица рендана кора од лимон, 1 лажица желатин во прав, 500g јагоди, 3 лажици мармалад од јагоди.

Подготовка:

Сите состојки за тестото ставете ги во чинија и обликувајте ја смесата. Замотајте ја во проѕирна фолија и оставете го да отстои 2 часа во ладилник.

Потоа, обликувајте го зависно од тавата во која ќе го печете. Печете 10тина минути на 180 степени.

Додека тестото се разладува подгответе го филот. Промешајте ги сите состојки заедно, освен јагодите и мармаладот и додадете го однапред сварениот желатин.

Прелијте го тестото со фил и оставете го во фрижидер 2 часа.

На крупни парчиња исечкајте ги јагодите, па поставете ги преку филот. За крај, загрејте го мармаладот и прелијте го тартот.

zavodlivi-proletni-deserti-so-slatki-jagodi-02


Крем сладолед од јагоди

Состојки: 125ml млеко, 125ml слатка павлака, 1 јајце, 1 жолчка, 100g шеќер, 125g крем сирење, 250g јагоди, арома од ванила

Подготовка:

Ставете ги павлаката и млекото во сад за готвење и загрејте додека не зовријат.

Изматете го јајцето, жолчката и шеќерот, па во оваа смеса додадете го млекото промешано со павлака. Продолжете да варите уште неколку минути.

Ставете ги јагодите и крем сирењето во блендер и мешајте додека не добиете мазна смеса. Додадете ја во садот со топол крем.

Префрлете го слаткиот крем во пластичен сад, ставете го во замрзнувач и оставете го да се стврдне преку ноќ.

zavodlivi-proletni-deserti-so-slatki-jagodi-03


Мус од јагоди

Состојки: 10g црвен желатин, 100g шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер, 300g јагоди, 500ml јогурт

Подготовка:

Направете пире од јагодите и помешајте со обичниот и ванилин шеќер. Додадете го и јогуртот.

Растопете го желатинот според упатството на самата кесичка. Постепено промешајте го со слаткото пире во јогурт.

Густата смеса истурете ја во чашки, декорирајте со цели јагоди, шлаг или рендано чоколадо. Оставете да се стврдне најмалку 2 часа.

zavodlivi-proletni-deserti-so-slatki-jagodi-04

Би можело да ве интересира:

Рецепт за посни колачи во форма на праски – омилениот десерт од детството Идеални за посниот период - можете да подготвите поголемо количество, а никој не...
Викенд десерт: Чизкејк со прелив од јагоди, што не се пече Јагодите се омиленото пролетно овошје, а со оглед што не стојат премногу долго с...
Вкусни домашни чорбести јадења за 5 дена во неделата Пет рецепти за највкусните домашни јадења кои сигурно ви ги правеле дома, а преп...
Здраво и неодоливо: Полнети пиперки со спанаќ и моцарела Ако барате вкусно и хранливо јадење кое комбинира живописни бои, смели вкусови и...
Рецепти за 3 брзи ролати за новогодишната трпеза Чоко ролат со крем банани, или ролат со кокос... Изберете некои од нашите предло...
Рецепт за најбрзиот десерт од само 3 состојки Што можете да подготвите за десерт набрзина, без да губите премногу време? За ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg