Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Интересни идеи за храна на пикник

Пикник сезоната официјално се отвори, па пред да заминете во природа погледнете каков вид  храна можете да понесете.

interesni-idei-za-hrana-za-na-piknik-1-

Кога помислуваме на пикник прво што ни доаѓа на ум се токму сендвичите, но има и други видови оброци кои се едноставни за подготовка.

Приредете специјално изненадување за вашите пријатели или семејство и заминете на пикник со вкусна храна.

1. Поинаков сендвич

Пробајте го вкусниот сендвич со варени јајца, мајонез и салама. Овој вид на оброк се состои од доста протеини кои ќе ве држат сити во текот на целиот пикник. Добрата страна е тоа што може да седи со часови свеж надвор од фрижидерот.

interesni-idei-za-hrana-za-na-piknik-1


2. Никако без чипс

Зарем може пикник да помине без чипс? Но наместо да купувате можете да го направите дома. Исечкајте го компирот на тенки крукчиња и додадете рузмарин, сол и пржете го во масло исто како помфритот. Вашиот домашен чипс ќе биде огромен хит на пикникот, па направете голема тура.

interesni-idei-za-hrana-za-na-piknik-3


3. Паста со зрна грав

Но, не било каква паста, туку овие тестени се повкусни доколку ги јадете изладени па токму затоа се одлични за на пикник. Оваа паста се приготвува на тој начин што заедно со пастата ги варите неколкуте зрна грав, а откога ќе завршите со варењето додавате пармезан, рузмарин, бибер, неколку лажички свежо исцеден лимон и еден исечкан кромид. Вкусот е едноставно незаменлив.

interesni-idei-za-hrana-za-na-piknik-4


4. Компир салата

Исечкајте го компирот на крупни триаголници и ставете го во рерна. Откога ќе го испечете додадете зачин и сол по желба, а потоа потурете со павлака. Колку подолго стои павлаката толку подобар вкус ќе добиете. Одлично предјадење за пикник.

interesni-idei-za-hrana-za-na-piknik-4


5. Слатка пита

Кога зборуваме за пикник не можеме да не го споменеме и слаткото. Направете слатка пита која може да биде од јагоди, цреши, јаболка или од било што друго. Исечкајте ја во триаголници и спакувајте ја. Спакувана на овој начин, за питата нема да ви биде потребен прибор за јадење што е уште еден голем плус при одење на пикник во природа.

interesni-idei-za-hrana-za-na-piknik-6

Би можело да ве интересира:

Направете вкусна мусака со модри домати, по грчки рецепт Ако сте расположени за традиционален ручек, но ви се здосадени секојдневните рец...
Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...
Предлог рецепти за божиќните пости – вкусни оброци без месо Што да јадете кога постите? Подгответе некои од овие вкусни рецепти, што ќе ви д...
Вкусен домашен ручек - Како да направите тавче гравче? Тавче гравче претставува македонски традиционален рецепт кој бара внимание, но л...
Рецепт за здрава пица со тесто од црвена леќа, погодна и за деновите кога се пости Направете една поинаква пица и изненадете ги вашите блиски со вкус кој не го оче...
Брз летен ручек: Полнети пиперки со фета сирење и сланина Сте пробале ли полнети пиперки со сирење и сланина? Ако не, ова ќе ви стане омил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg