7 правила за поздрава скара

Лето е, а сезоната за вкусна скара е отворена уште во првите топли денови. Ретко кој не сака уживање со друштво, забава и добра скара.

7-pravila-za-pozdrava-skara-01

Но, за да бидете врвен мајстор во подготовката на скара мора да внимавате на неколку работи кои ќе ви помогнат вашата скара да биде вкусна и сите да уживаат.

Запечено месо

Печењето месо на висока температура предизвикува одредени хемикалии кои би можеле да доведат до болести. Одберете тенко исечено месо и минимална употреба на масло која може само да предизвика многу чад и канцерогени отрови.

Маринирајте го месото

Маринадата делува како бариера меѓу месото и канцерогените честички. Ако го оставите барем 30 минути во маринада пред печењето, ќе завршите многу добра работа, ќе добиете повкусна и поздрава скара.

Време за скара

Внимавајте на тоа колку долго го оставате месото на скарата односно на димот и пламенот, бидејќи предолгото оставање може да доведе до создавање канцерогени честички.

Испечете овошје и зеленчук

Уживајте во потпечено овошје и зеленчук на скара. Ваквиот начин на подготовка на оваа храна може да намали одредени болести, но не се плашете да пробате.

Избегнувајте месни преработени производи

Ако можете да бирате, секогаш одлучете се за чисто месо, наместо за колбаси или виршли.

Одржувајте го огнот на иста температура

Ако ви е премногу силен, поставете го месото или зеленчукот на парче фолија која ќе го заштити месото и храната од димот и ќе го намали влијанието на штетните честички од огнот.

Исчистете ја решетката од скарата

Секојпат кога ќе завршите со печењето на скарата, задолжително исчистете ја решетката за да го спречите настанувањето на канцерогените честички и хемикалии, а во никој случај немојте истата решетка да ја користите двапати за печење месо, ако претходно не сте ја исчистиле.

7-pravila-za-pozdrava-skara-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Предлог за ручек - вкусна медитеранска салата со компири и рукола Малку поинаков рецепт за класичната медитеранска салата - се прави лесно, а доми...
Рецепт за брза пилешка салата – идеално мезе кога чекате гости Заради овој рецепт секогаш ќе практикувате да имате дома пилешко месо и крастави...
Рецепт за мини погачи со моцарела и копар, меки како душа Направете домашни мини погачи со копар и моцарела - нема да дочекате да остинат ...
Највкусната посна сарма со праз, по рецепт на нашите баби Бадниковата и божиќната трпеза никако не можат да поминат без посна сарма... Дал...
4 вкусни рецепти за на скара, за оние што постат на 1-ви Мај Што можете да испечете на скара, а да не биде од животинско потекло? Како да го ...
Ќе барате уште едно парче: Брза торта со бисквити и афион Од оваа смеса може да се прават и бомбици и бајадери, а оваа брза торта ќе ве ос...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg