Десерт кој се топи во уста: Највкусниот чоко мус е готов за 5 минути

Ништо нема послатко од чоколадо кое ви се топи во устата. Уште ако е густо и пенливо, никогаш не би можеле да престанете да јадете. Но, секогаш е добро да го имате во близина.

desert-koj-se-topi-vo-usta-najvkusniot-coko-mus-e-gotov-za-5-minuti-01

Особено во моменти кога имате силна потреба за благо, чоколадниот мус може да го подготвите за само 5 минути.

Состојки:

  • 5 јајца
  • 200 g чоколадо за готвење
  • 150 g шеќер
  • 125 ml слатка павлака
  • 2 лажички ванилин шеќер

Подготовка:

Одвојте ги жолчките од белките. Матете ги одвоено, во еден сад белките со 100 g шеќер, а во друг сад, слатката павлака. Во трет сад матете ги жолчките со 50 g шеќер и 1 лажичка ванилин шеќер.

Искршете го чоколадото и стопете го на тивок оган, па измешајте го во кремот кај жолчките.  Добиената смеса измешајте ја со изматената слатка павлака и изматениот шлаг од белки. Вака добиениот чоколаден мус ставете го во сад, нарендајте му чоколадо и оставете го во фрижидер за да се излади.

Не правете голема количина, бидејќи цела ќе ја изедете, а сигурно не сакате да се поправите. Но, никако не избегнувајте да го пробате ова вкусно чоколадно задоволство кое ќе ви се стопи во устата.

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Сочен колач со боровинки и бело чоколадо - десерт на кој нема да му одолеете Овој колач со боровинки и прелив од бело чоколадо е толку вкусен, што секогаш ко...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...

Најчитани неделава