Подгответе: Пржен сладолед

Кога температурите ќе се покачат, нема ништо повкусно од студен сладолед кој се топи во устата.

podgotvete-przen-sladoled-01.jpg

Иако е најлесно да го консумирате директно од пластичниот сад или во корнет, ви предлагаме ова лето да си го искомплицирате слаткото уживање и да се обидете со пржен сладолед - специјалитет кој сите го обожаваат.

Состојки:

  • 500g сладолед
  • 50g брашно
  • 1 јајце
  • 50g лебни трошки
  • Масло за пржење
  • 200ml слатка павлака
  • Овошје за послужување

За овошен сос (по желба)

  • 100g јагоди
  • 60g шеќер
  • 80ml вода

Подготовка:

Обликувајте топки сладолед и ставете ги во замрзнувач додека го подготвувате останатиот дел од постапката.

Во една чинија изматете го јајцето, во друга ставете го брашното а во трета лебните трошки.

Извадете ги топките сладолед и една по една извалкајте ги во брашно, потоа во изматеното јајце, па на крај во лебните трошки. Повторно вратете ги во замрзнувач уште неколку минути.

Додека сладоледот се лади, исечкајте ги јагодите, шеќерот и водата и варете ги додека не добиете густ сос, па изладете го додека сладоледот се пржи.

Слатката павлака изматете ја со миксер додека не добиете густа пена.

Започнете со подготовката на сладоледот, така што ќе го загреете маслото во длабок сад на силен оган.

Со голема лажица земете една топка сладолед и потопете ја во маслото. Пропржете неколку секунди, додека лебните трошки не заруменат.

Пржениот сладолед послужете го веднаш, со шлаг од слатката павлака, исечкано овошје и сосот од јагоди.

podgotvete-przen-sladoled-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...

Најчитани неделава