Летен десерт: Брз и едноставен сладолед сендвич

Ако веќе ви здодеа да јадете еден ист десерт, тогаш време е да го вкусите ова ново летно задоволство.

leten-desert-brz-i-ednostaven-sladoled-sendvic1

Можеби до сега навикнавте единствено на солени сендвичи, но тоа не е изговор да не го пробате овој сладок и леден сендвич.

Изненадете ги најблиските и уживајте во вкусот:

Потребни состојки:

  • 2 кутии мачмалоу
  • 100 грама црна чоколада, исечкана на ситни парчиња
  • 100 грама бисквити               
  • 1 кесичка сладолед од ванила

leten-desert-brz-i-ednostaven-sladoled-sendvic-2

Начин на подготовка:

Наредете еден слој бисквити на тацна (по три бисквити во три реда).

Исечкајте ги мачмалоу бонбоните на ситни парчиња и ставете ги во плех кој претходно ќе го обложите со фолија. Ставете го плехот во рерна на 10-15 секунди и штом забележите дека бонбоните се топат - извадете го и оставете го на собна температура.

Сладоледот во прав изматете го според упатствата на кесичката, а потоа во смесата додајте ја сечканата чоколада и растопените мачмалоу бонбони.

Со лажица црпете од смесата и внимателно редете ја врз претходно наредените бисквити, а потоа кога ќе завршите одозгора додајте уште еден ред бисквити.

leten-desert-brz-i-ednostaven-sladoled-sendvic-4files

Откога ќе завршите, обложете го десертот со фолија и оставете го да се олади 2 до 3 часа во фрижидер.

 Потоа извадете го вашиот сладолед во сендвич, исчекајте го на парчиња и уживајте во единствениот вкус. 

Би можело да ве интересира:

Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Куглоф колач со лимон - десерт што ќе ве освои од првиот залак Овој сочен куглоф колач е комбинација од кисели и слатки вкусови, а верувајте, ќ...
Црнобел колач со прелив од чоколадо и лешници - десерт за сечиј вкус За сите љубители на колачи без филови, овој црнобел колач со чоколаден прелив е ...

Најчитани неделава