Подгответе слатка домашна карамела како од детството

Подгответе си вкусна домашна карамела и уживајте додека ви се топи во устата. Сигурно на многумина им е еден од омилен вкусови кои ги потсетува на детството. Сега може да се потсетите на тоа задоволство со едноставен рецепт.

podgotvete-slatka-domasna-karamela-kako-od-detstvoto-01

Потребни состојки:

  • 250 g кафеав шеќер
  • 330 g бел шеќер
  • 220 g путер
  • 200 ml пченкарен сируп, мед или шербет во размер шеќер 2 : 1 вода
  • 250 g слатка павлака
  • 130 ml полномасно млеко
  • 2 лажички екстракт од ванила

Подготовка:

Кафеавиот и белиот шеќер ставете ги во тенџере и додајте го путерот, шербетот, слатката павлака, млекото и ванилата.

Гответе на рингла, мешајќи повремено. За да видите дали е добро сварено ќе проверите со тоа што ќе ставите мала количина од сварената смеса во ладна вода. Ако се формира цврсто топче, значи дека е готово.

Разлејте ја смесата во плех, оставете ја целосно да се излади и со остар нож исечете ја на ситни коцки, како бонбони.

Може да уживате само во нив или да ги додадете во некој вкусен сладолед или во кафе како додаток.

Би можело да ве интересира:

Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за највкусните домашни крофни – сите ќе бараат уште Ако сте гурман, но и со вешти раце, тогаш вреди да го пробате овој рецепт за вку...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...

Најчитани неделава