Највкусното есенско задоволство: Печена пченка во рерна

Печената пченка е есенска храна која никој не може да ја одбие. Жолто-златниот плод истовремено е сочен, крцкав и многу лесен за подготовка.

podgotvete-pecena-pcenka-vo-rerna-01.jpg

Ова е единствениот рецепт кој ќе ви биде потребен во студените денови кои следуваат. Солен или не, со зачини или без - изборот е ваш.

1 чекор: Не ја чистете пченката од листовите, туку само исчистете ги свилените конци и неколкуте надворешни листови кои ви изгледаат нечисто.  Измијте под силен млаз вода. Оставете ги плодовите да се исцедат, но не го сушете вишокот вода.

2 чекор: Вклучете ја рерната на 175 степени, а кога рерната ќе се загрее, мократа пченка ставете ја директно на решетките.

podgotvete-pecena-pcenka-vo-rerna-02.jpg

3 чекор: Печете од 35 до 40 минути. Задолжително проверувајте на 10тина минути. Печената пченка лесно се препознава затоа што листовите се лесни за лупење и има малку потемна боја од кога е свежа. Отстранете ги листовите, посолете, зачинете и послужете.

Ако сакате малку да ја зачините целата постапка, по печењето премачкајте ја пченката со следниов сос:

  • 65g стопен путер
  • Изрендана кора од ½ лимета
  • Сок од 1 лимета
  • 2 лажици ситно исечкан коријандер
  • ½ лажица мелена пиперка
  • Сол, бибер, зачини по желба

Соединете ги сите состојки, добро промешајте, премачкајте и започнете да јадете.

Пријатно!

podgotvete-pecena-pcenka-vo-rerna-03.jpg

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Лазањи со спанаќ и сочно пилешко - полесна верзија на ручекот што го обожавате Ова лесно јадење брзо ќе ве засити, но нема да сакате да престанете по само едно...

Најчитани неделава