Брзи десерти: 3 вкусни и кремасти пудинзи

Пудингот го обожаваат и младите и старите. Неговата подготовка е брза и едноставна, а вкусот е фантастичен.

brzi-deserti-3-vkusni-i-kremasti-pudinzi_01.jpg

Овие 3 рецепти ќе ви покажат дека вкусот на пудингот може да се збогати, со тоа што ќе го направите на малку поразличен начин.

Пудинг со арома на ирско кафе

Потребни состојки:

  • 3 жолчки
  • 150g шеќер
  • ½ литар млеко
  • 1 лажичка инстант кафе
  • 50 ml виски
  • 2-3 лажички густин
  • 1 пудинг од ванила

Начин на подготовка:

Густинот измешајте го со малку млеко. Потоа, земете ги жолчките и измешајте ги со шеќерот, а остатокот од млекото загрејте го и одвојте една чаша.

Одвоената чаша млеко истурете ја врз инстант кафето и мешајте додека да се растопи. Стопеното инстант кафе додајте го во остатокот од млекото, а потоа додајте ги жолчките и измешајте.

Во едно тенџерче ставете ја течноста и варете додека не зоврие.

Откако млекото ќе зоврие, додајте ја смесата од густин. Варете додека да се згусне, со повремено мешање.

Во готовата смеса ставете го вискито, измешајте па распоредете во чаши да се излади.

brzi-deserti-3-vkusni-i-kremasti-pudinzi-01.jpg


Панакота пудинг

Потребни состојки:

  • 350 ml шлаг крем
  • 350 ml млеко
  • 1 ванилин шеќер
  • 2 пудинзи од ванила
  • 10g желатин
  • 80-100g бело чоколадо
  • 2-3 големи лажици кокос или мелени бадеми

Начин на подготовка:

Желатинот направете го според упатството на кесичката, а ако е инстант тогаш доволно е само да го измешате во готовата смеса.

Пудингот измешајте го со малку млеко и направете смеса. Кремот за шлаг и млекото варете ги и додајте го претходно измешаниот пудинг, па варете ги кратко додека смесата не се згусне.

Потоа додајте го чоколадото, ванилиниот шеќер и мешајте додека не се стопат.

Во тенџерчето каде го варите кремот, сега додајте го желатинот и кратко помешајте со миксер, а потоа додајте го кокосот или бадемите.

Во мали садови ставете ја смесата, оставете ја во ладилник на 2 часа и уживајте во вкусот. Може одозгора да додадете слатко по желба.

brzi-deserti-3-vkusni-i-kremasti-pudinzi-02.jpg


Пудинг златна есен

Потребни состојки:

  • 1 јаболко
  • 1 круша
  • Малку цимет во прав (на врвот од лажичката)
  • 2 супени лажици шеќер
  • 1 кафена лажица ванилин шеќер
  • 1 кесичка пудинг од ванила
  • 1 лажичка густин (по желба, ако сакате смесата да биде поцврста)
  • 400ml вода

Начин на подготовка:

Излупете ги јаболкото и крушата и исечкајте ги на ситни парчиња. Зовријте 300ml вода со шеќер, ванилин шеќер и цимет, а потоа додајте го исечканото овошје. Извадете го овошјето од зовриената вода и оставете го да се исцеди, а потоа распоредете го во 4 садови.

Во 100ml вода добро измешајте го прашокот за пудинг, па додајте од водата во кое се варело овошјето. Ако користите и густин, додадете го во садот. Варете додека да згусне.

Добиениот пудинг истурете го во чашите преку овошјето и оставете го да се олади.

brzi-deserti-3-vkusni-i-kremasti-pudinzi-03.jpg

Би можело да ве интересира:

Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...

Најчитани неделава