Крцкави стапчиња со сланина и топен кашкавал
Крцкавите вртени стапчиња со сланина се одлични за предјадење, додаток со салата, но и вкусно мезе за со пиво.

Состојки:
- 250g лиснато тесто (купечко, одмрзнато)
- 70g тенко сечена сланина
- Јајце за премачкување
- 50g рендан кашкавал
Подготовка:
1. Од лиснатото тесто направете долги ленти и наредете ги внимателно на масата. На една лента ставете еднакво парче сланина и покријте со уште една лента тесто.
2. Виткајте ги стапчињата со рацете во обратна насока додека не оформите спирала. Премачкајте со изматено јајце.
3. Наредете ги на премачкан плех или на хартија за печење и посипете ги со рендан кашкавал. Печете на загреана рерна од 200 степени додека не заруменат.
Би можело да ве интересира:
Сочен Цезар сендвич, со потпечено лепче, многу сос и крцкаво пилешко
Класичната Цезар салата, која им е омилена на многумина, сега може да ја јадете ...
Домашни меки кифлички, со кашкавал и сланина
Овие кифлички е совршено меки и вкусни, што нема да сакате да почекате ни да се ...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење
Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт
За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Марјан од Скопје: Домашни кифлички по рецепт на неговата мајка
„Уште од мал, гледајќи ја мајка ми како меси и прави разни ‘лудории’ во нашиот о...