За мрзливите домаќинки: Брз и вкусен колач што се топи во уста

Ако сакате едноставен и брз колач за кој нема да треба да печете неколку видови тесто и за кој ќе имате време да правите паузи додека го подготвувате, тогаш ова е совршен рецепт.

za-mrzlivite-domakinki-brz-i-vkusen-kolac-sto-se-topi-vo-usta-02

Се прави во неколку етапи и совршен е за помрзливите домаќинки кои сакаат да ги изненадат домашните со вкусен колач кој се топи во устата.

Состојки:

  • 150 g маргарин
  • 250 g шеќер
  • 4 жолчки
  • 250 g брашно
  • 1 прашок за печиво
  • 100 g ореви, бадеми или лешници
  • 2-3 штангли чоколадо
  • 2 dl млеко

Подготовка:

Измешајте го маргаринот со шеќерот, додајте ги жолчките, измелените ореви, лешници или бадеми, кои претходно може малку да ги потпечете, и сите останати состојки. Печете 40 минути на 180˚C.

За тоа време малку одморете, па на страна изматете 4 белки додека не добиете густа смеса како шлаг во кој ќе додадете 200 g растопен шеќер со  ½ кафена лажица вода, на тивок оган, додека малку не испари. Смесата од шлагот и шеќерот размачкајте ја на колачот кој ќе го извадите од рерната.

На крај прелијте го одозгора со чоколадна глазура која ќе ја направите од 3 лажици вода, 3 лажици шеќер, 100 g чоколадо и 80 g масло.

Оставете го да се излади во фрижидер, а потоа уживајте во секое залче кое ќе ви се топи во устата.

za-mrzlivite-domakinki-brz-i-vkusen-kolac-sto-se-topi-vo-usta-01

Би можело да ве интересира:

Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Летен чоколаден колач – се прави во тава, нема печење и нема шанси да не ви се погоди Во летниот период, кога не ви се поминува многу време во кујна – само измешајте ...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...

Најчитани неделава