Готови за 10 минути: Посни Рафаело бомбици без печење

Посните Рафаело бомбици се подеднакво вкусни како и оние кои се подготвуваат со млеко.

gotovi-za-10-minuti-posni-rafaelo-bombici-bez-pecenje-01.jpg

Се подготвуваат за околу 10 минути, не се потребни некои скапи состојки, па затоа можете да ги пробате уште денес.

Состојки:

  • 400g шеќер
  • 2dl вода
  • 250g маргарин
  • 400g соја млеко во прав
  • 150g кокосово брашно + 50g за валкање
  • Излупени бадеми

Подготовка:

1. Шеќерот растопете го во водата и варете го неколку минути со постојано мешање.

2. Тргнете го шербетот од оган, додајте го маргаринот, млекото и кокосовото брашно. Сите состојки добро измешајте ги и оставете ја смесата целосно да се олади и стврдне.

3. Со мала лажичка вадете топчиња во кои ќе ставите по еден излупен бадем.

4. Извалкајте ги во кокосово брашно, оставете ги повторно да се оладат и послужете.

gotovi-za-10-minuti-posni-rafaelo-bombici-bez-pecenje-02.JPG

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Брза торта со бело чоколадо и бисквити, без печење - ќе барате парче плус Оваа торта од 6 состојки се подготвува за само 10 минути. А кога глазурата од чо...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава