Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Во последен момент за Свети Никола: Посни црно-бели кифлички готови за 20 минути

Ако ви фали уште нешто на трпезата за вечерашната слава, овие кифлички ќе ви завршат голема работа. Лесни и едноставни, само со неколку состојки, може да направите несекојдневни кифлички само за 20 минути.

vo-posleden-moment-za-sveti-nikola-posni-crno-beli-kiflicki-gotovi-za-20-minuti-01

Потребни состојки за тесто:

  • 250 ml топла вода
  • 50 g свеж квасец
  • 250 ml масло
  • 600 g брашно
  • 3 лажички какао
  • 3 лажички брашно
  • Џем

За сируп:

  • 350 g шеќер
  • 350 ml вода
  • Ванила

vo-posleden-moment-za-sveti-nikola-posni-crno-beli-kiflicki-gotovi-za-20-minuti-1.JPG

Подготовка:

1. Во топлата вода растопете го квасецот, веднаш додајте ги маслото и брашното и замесете го тестото.

2. Поделете го на 2 дела.

3. Во едниот дел додајте какао, а во другиот 3 лажички брашно.

4. Двата дела од тесто поделете ги на 6 топчиња (вкупно 12).

5. Оставете ги околу половина час да нараснат.

6. За тоа време подгответе го сирупот. Измешајте ги шеќерот, водата и ванилата и оставете ја смесата да зоврие.

7. Загрејте ја рерната на 220 степени.

8. Премачкајте два голема плеха.

10. Ставете ги топчињата тесто на една полица и развлечете ги како кори со пречник од 20 cm.

11. Исечете ги на 8 делови, филувајте ги со џем и замотајте ги како класични кифлички.

12. Наредете ги во плех и печете додека не заруменат, околу 15-20 минути.

13. Извадете ги од рерната и прелијте ги со сирупот.

14. Завртете ги неколку пати за да се натопат со сирупот од сите страни.

vo-posleden-moment-za-sveti-nikola-posni-crno-beli-kiflicki-gotovi-za-20-minuti-2.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за пита со џем од малини која се топи во уста – како кај баба на гости Наликува на лења пита, се прави многу лесно, а се топи во уста со вкус на путер ...
Лесни рецепти со кои ќе ги искористите преостанатите жолчки и белки Од белките направете омлет, а жолчките можете да ги искористите за сладок крем о...
Пица кроасани од лиснато тесто, готови за 30 минути Одлични се и за ужинка и за вечера, но и да ги направите кога ќе ви се најават г...
3 рецепти за велигденската трпеза од кујната на Давор (Dave’s Kitchen) Пилиња од урда, милиброд со џем, пилешко со кари во лиснато тесто - интересни и ...
Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg