Вкусно и празнично: Сладок божиќен леб

Слаткиот божиќен леб е германска традиција и е дефинитивно едно слатко задоволство кое вреди да го додадете на празничната трпеза.

Stollen-božićni-kruh-4

Божиќниот леб можете да го искористите и како оригинален подарок за другите луѓе, односно можете да го исечкате на парчиња и да го замотате во целофан, а на крај заврзете го со убава машна.

Потребни состојки за 3 божиќни лепчиња со средна големина:

  • 800g брашно
  • 250g путер (претходно стопен)
  • 200g шеќер
  • 1 кафена лажичка сол
  • 2 кесички сув квасец
  • 400ml павлака
  • 3 јајца
  • 1dl топло млеко
  • 100g грозје
  • 100g суви кајсии
  • 100g суви брусници
  • 100g исушена кора од портокал
  • 100g ситно сечкани бадеми

Сос за сувото овошје:

  • 2dl млеко
  • 3 супени лажици рум

За премачкување:

  • 50g путер
  • 100g шеќер во прав

Начин на подготовка:

1. Најпрво исечкајте го сувото овошје кое не е доволно ситно, па потопете го во млекото со рум и оставете го најмалку 20 минути да омекне.

2. Помешајте ги брашното, шеќерот, солта, бадемите и квасецот. Во средината додајте ги јајцата, путерот, павлаката и млекото. Потоа со помош на миксер мешајте додека смесата не се соедини. Продолжете со помош на рацете и замесете ја мешавината уште неколку минути. Покријте го садот и оставете го да постои 30 минути на топло.

3. Откако тестото малку ќе се крене, со помош на прстите направете дупка во средината и додајте го овошјето кое претходно го омекнавте во млекото и румот. Потоа енергично мешајте го тестото, додека да постане меко.

vkusno-i-praznicno-sladok-boizkjen-leb-1

4. Смесата поделете ја на 3 еднакви дела, а секој од нив развлечете го во долгнавест облик од 1,5cm. Потоа во средината направете простор и преклопете го тестото, но не до крај.

vkusno-i-praznicno-sladok-boizkjen-leb-2

5. Тестото ставете го рерна на 160 степени и на околу 50 минути, а на над топлиот леб ставете шеќер во прав. Оставете го да се излади и замотајте го во проѕирна фолија, а по потреба вадете го и сечкајте од него.

Не заборавајте да споделите како ви се допадна!

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Во кујна со Симона од Скопје: Божиќен колач со суво овошје Симона од Скопје пред Божиќ подготви божиќен колач со суво овошје, а рецептот го...

Најчитани неделава