Брза бисквит торта со капучино

Тортите се неизбежни на празничната трпеза. Па, наместо да се мачите со некоја комплицирана, може набрзина да направите вкусен колач.

brza-biskvit-torta-so-kapucino-01

Потребни состоји:

  • 500 g бисквити
  • 50 g капучино
  • 2,5 dl млеко
  • 3 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 5 dl слатка павлака

Подготовка:

Изматете ги добро јајцата со шеќерот, сипете слатка павлака и повторно матете додека не направите цврст фил.

Прашокот за капучино прелијте го со топло млеко. Секоја бисквита натопете ја во млекото и редете ја на послужавник. Премачкајте со филот, па врз него повторно редете бисквити. Повторувајте ја постапката додека не ги потрошите.

Последниот слој нека ви биде само со фил кој ќе го размачкате на целата површина и може да го украсите со чоколадо.

Би можело да ве интересира:

Колач со лимон и мак - Сочен и вкусен десерт, за целото семејство Класичниот колач со мак можете да го подготвите во нова, посвежа варијанта - со ...
Рецепт за банана леб - колач од презреани банани кој се топи во уста Дали и вам бананите дома ви потемнуваат брзо, па сакате да ги фрлите? Наместо да...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...

Најчитани неделава