Викенд мезе: Вкусни топчиња од ориз

Покрај сè она што ви останато од храната за празниците, освежете ја трпезата со нешто ново и изненадете ги гостите.

vikend-meze-vkusni-topcinja-od-oriz-001

Одлично мезе за дополнување на ордеверите или само за со пиво и бело вино. Може да ги комбинирате и со разни сосови кои дополнително ќе го збогатат нивниот вкус.

Состојки:

  • 200 g ориз
  • 1 главица кромид
  • 50 g путер
  • 200 g пармезан
  • 200 g младо сирење
  • 1 l супа од зеленчук
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 2 јајца
  • 150 g брашно
  • 200 g  лебни трошки
  • Малку мешан зачин
  • Околу половина литар масло за пржење

vikend-meze-vkusni-topcinja-od-oriz-1.jpg

Подготовка:

1. Кромидот исчистете го и исечкајте го ситно, а потоа пропржете го на стопениот путер, додека зарумени.

2. Додајте го оризот и пржете кратко со постојано мешање. Постепено долевајте ја супата од зеленчук со повремено мешање додека не набабри оризот и остатокот од течноста не зоврие. При крајот додајте го магдоносот и мешаниот зачин по вкус.

3. Во изладениот ориз додајте изронето младо сирење и пармезан, па промешајте го.

4. Од добиената смеса со дланките претходно намачкани со масло, обликувајте топчиња со големина на орев.

5. Топчињата извалкајте ги во брашно, па во изматените јајца и на крај во лебните трошки.

6. Пржете ги во повеќе масло, додека не заруменат.

Одлично викенд мезе за во комбинација со пиво или бело вино.

Би можело да ве интересира:

Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Рецепт за шпагети со кремаст и сочен сос од шери домати, лук и пармезан Ако сте љубител на паста со лесни, но кремасти и сочни сосови, ова е идеален рец...
Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Рецепт за крцкави чипс тиквички – печени во рерна со тајна состојка Направете си го сами омиленото летно мезе, крцкави чипс тиквички од рерна – без ...

Најчитани неделава