Крем пита која се топи во уста

Сигурно кога и да отидевте кај вашата баба ве пречекуваше вкусна и кремаста пита која буквално се топеше во устата.

brza-krem-pita-koja-se-topi-vo-usta-01.jpg

Ако не успеавте да го пронајдете рецептот за истата, испробајте го следниов, сигурно ќе го добиете тој вкус од детството.

Состојки:

За кора

  • 6 жолчки
  • 1 цело јајце
  • 8 лажици шеќер
  • 8 лажици масло
  • 8 лажици ладна вода
  • 8 лажици брашно

За крем

  • 1 литар вода
  • 4 пудинзи
  • 17 лажици шеќер
  • 6 белки

Подготовка:

Првите состојки измешајте ги и испечете 2 тенки кори.

Кремот подгответе го така што во 1 литар вода ќе ги сварите 4-те пудинзи со 5 лажици шеќер.

Изматете ги 6-те белки со 12 лажици шеќер, па дел по дел додавајте ги во пудингот и мешајте.

На една кора премачкајте го добиениот крем, а другата кора ставете ја врз кремот.

Декорирајте со шлаг, шеќер во прав или џем по желба.

brza-krem-pita-koja-se-topi-vo-usta-02.jpg

Би можело да ве интересира:

Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Лиснати кроасани со крем од ф’стаци - По првиот залак ќе барате уште Кремот од ф’стаци последниве години се користи во многу различни рецепти, а мног...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Во кујна со Весна од Кичево: Домашна пита со праз и сукани кори Сукано тесто без квасец, пита што се подготвува многу лесно, по рецептот на Маке...
Лесно мезе: Крцкави „такоси“ од модри домати со крем сирење Нов начин како да направите летно мезе со модри домати, кое е вкусно, а во исто ...
Вкусна пита со боровинки и лимон Без оглед дали ќе ја правите со свежи или замрзнати боровинки, оваа пита ќе има ...

Најчитани неделава