За да не валкате садови: Палачинки во шише

Наместо да валкате садови или чинии со цел да ја направите смесата за палачинки, сега ви е доволно да пронајдете само едно празно шише...

za-da-ne-valkate-sadovi-palacinki-vo-sise-01.jpg

Отсега правењето на палачинки ќе ви стане лесно како песна. 

За подготовка на тестото потребно ви е:

  • 2 јајца
  • 10 полни супени лажици брашно
  • 3 супени лажици шеќер
  • ½ кафена лажичка сол
  • 3 супени лажички масло
  • 600ml млеко
  • Газирана вода

Начин на подготовка:

Во празно шише ставете инка и додајте го брашното, шеќерот и солта. Потоа додајте ги јајцата, маслото, млекото и 3 чаши газирана вода. Прво одат сувите состојки, а потоа течните.

Затворете го шишето и добро протресете ја смесата за да се изедначи. Ако темелно го протресете шишето, нема да останат грутки.

Потоа земете тавче, стајте малку масло и истурајте од смесата од шишето во тавчето и печете ги палачинките.

za-da-ne-valkate-sadovi-palacinki-vo-sise-02.jpg

Не морате целото тесто одеднаш да го потрошите. Оставете го шишето со смесата во ладилникот и подгответе свежи палачинки и утре. 

Би можело да ве интересира:

Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Рецепт за банана леб - колач од презреани банани кој се топи во уста Дали и вам бананите дома ви потемнуваат брзо, па сакате да ги фрлите? Наместо да...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Рецепт за француска салата за новогодишните празници Освен руската салата, која е кралица на новогодишните празници, и француската е ...
Рецепт за мини ролати со спанаќ и сирење - совршени залчиња за секоја пригода Тешко дека некој може да му одолее на мирисот на тазе печено тесто со спанаќ и с...

Најчитани неделава