Готови за 5 минути: Ролнички со Нутела и цимет

Има ли поголемо и повкусно задоволство од Нутела? Уште ако успеете да ја искористите во рецепт и да добиете супер колачиња за вас и за вашите гости, тогаш уживањето ви е гарантирано.

podgotvete-nutela-rolnicki-za-5-minuti-samo-od-2-sostojki-001

Не само што е вкусна, Нутелата може да ја комбинирате и само со уште една друга состојка и да направите брзи и вкусни Нутела ролнички.

Освен чоколадниот крем Нутела, потребно ви е и готово лиснато тесто кое може да го купите во која било продавница и малку цимет.

Подготовка:

Одмрзнете го и растегнете го тестото на рамна површина. Потоа, премачкајте го со дебел слој Нутела, посипете малку цимет. Замотајте го во ролна која ќе ја пресечете на неколку места со конец и ќе добиете мали ролнички.

Истите ставете ги во калапчиња за мафини, за да ја задржат формата.

Ставете ги во рерна на 200 степени и почекајте тестото да зарумени. На крај, може да сварите само црно кафе и да уживате во чоколадното задоволство.

Погледнете ја целата постапка:

Nutella Cinnamon Rolls hot and fresh out the kitchen

Ein von Emily Fleischaker (@emofly) gepostetes Video am

Би можело да ве интересира:

Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за сочен домашен ручек – печено свинско филе со компири Сигурно се сеќавате на вкусните ручеци кај баба и мирисот од рерна додека се под...

Најчитани неделава