Направете сами домашен еурокрем уште денес!

Израдувајте ги вашите најмили со овој домашен еурокрем кој ќе го направите уште денес доколку немате време да отидете до супер маркет и да набавите купечки.

napravete-sami-domasen-eurokrem-uste-denes-1

Подобар од Нутела, се приготвува само за 15 минути, а ќе уживате во неговиот вкус цел ден.

Потребни состојки се 150 милилитри вода, 300 грама шеќер, 2 ќесички ванилин шеќер, 200 грама путер, 200 грама млеко во прав, 100 грама бела и 100 грама црна чоколада.

Дали чоколадата ќе биде за готвење или обична, изборот е ваш.

Подготовка:

Водата ставете ја во сад и измешајте го шеќерот со ванилиниот шеќер во неa, потоа оставете сè да се загрее на тивок оган додека шеќерот не се истопи целосно.

Додајте ја белата чоколада и мешајте сè додека не се стопи цела. Oткако ќе почне да дава знаци на клокотење, тргнете ја од оган и оставете смесата да се олади.

Во смесата додајте го млекото во прав и путерот, па добро промешајте.

Истопете ја црната чоколада на оган и во обична тегла започнете да ја посипувате црната, потоа белата, повторно црната топена чоколада и сè така додека не се потроши цела смеса.

Доколку сакате еурокремот да биде посладок, додадете мелени лешници.

Оставете во ладилник да се стврднe околу половина час, а потоа започнете со мачкање на лепчиња, палачинки или едноставно уживајте во домашниот еурокрем со голема лажица и ништо повеќе!

napravete-sami-domasen-eurokrem-uste-denes-2

Би можело да ве интересира:

Домашен ручек за почетници: Рецепт за ориз и пилешки копани во рерна Ако не сте вешти во кујна, а сакате домашен ручек, овој рецепт ќе ви заврши рабо...
Домашен хумус од модар патлиџан, одличен за деновите кога постите Почнаа Богородичните пости, па бидејќи е сезоната на модри патлиџани, ви нудиме ...
Домашен крцкав бурек во тавче - се прави со растурени кори, полнет со сочен фил Ако ви се јаде бурек, а дома имате готови кори за пита, можете сами да си ја под...
Домашен мармалад од кајсии, по рецепт на мајка ми – направивме 5 тегли во еден ден, во стан Кога бевме помали, баба ми го правеше најубавиот мармалад од кајсии, а сега мајк...
Мек колач со малини, вкус кој потсетува на детството кај баба Потсетува на колачот со вишни што ви го подготвуваа бабите, но иако не е потполн...
Рецепт за оригинална грчка бугаца - Крцкава, сочна и полна со фил од гриз Не е класична блага пита, а е едно од омилените печива за појадок на Грците. Сте...

Најчитани неделава