Прсти да излижеш: Чоколадни браунис од само 2 состојки
Кога ќе ве фати напад за слатко, посегнете по овој рецепт кој ќе го совладате дури и ако сте почетник во кујната.

За овој супер едноставен колач ви се потребни само 2 состојки кои веројатно веќе ги имате дома.
- 4 големи јајца
- 250g Нутела (или друг крем по желба)
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Земете малечка тава или сад за печење и ставете мрсна хартија.

Јајцата мешајте ги со миксер 5 - 7 минути, додека волуменот двојно не им се зголеми.

Нутелата или кремот кој го одбравте ставете го во шолја и загрејте го во микробранова околу 1 минута.


Потоа постепено додавајте го растопениот крем во јајцата и внимателно мешајте.


Подготвената смеса истурете ја во калапот и печете 30 минути.

Проверете ја средината на колачот со чепкалка, па ако има потреба допечете уште 5-10 минути. Кога колачот ќе биде готов, чепкалката ќе остане чиста.

Оставете го колачот да се олади, посипете со шеќер во прав или какао, па исечете коцки.

Браунис колачињата се готови!

