Рецепт на денот: Топол, полнет сендвич
За појадок или вечера, овој топол сендвич може да го подготвуваат и почетници во кујната. Кога ќе разберете за колку едноставен рецепт се работи, нема да му одолеете, а да не истрчате во кујна и да го пробате.

Количината на состојките варира по желба и вкус.
Основниот рецепт за подготовка на еден сендвич е следниов:
- 1 земичка или лепче за хамбургер
- 2-3 парчиња салама по избор
- 1 јајце
- Малку рендан кашкавал
- Зачини по желба
Подготовка:
За почеток, пресечете го врвот на лепчето, а долниот дел издлабете го.
Наполнете го со салама, истурете го јајцето и додадете го изренданиот кашкавал.
Поклопете го лепчето, завиткајте го во фолија и печете на 180 степени 10 до 15 минути.

Послужете и јадете додека лепчето е топло.
Би можело да ве интересира:
Во кујна со Сашка од Куманово: „Мајка ми ме научи да правам тегнета баница со праз - кој е рецептот?...
„Тегнета баница со праз е вкус кој потсетува на топлина, на семејство, буквално ...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости
Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори
Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Рецепт за две вкусни крем салати – идеални за претстојните мрсни слави
Доколку славите Митровден или друг празник во периодот до божиќните пости, имаме...
Рецепт за крцкави пица-стапчиња, за кои не треба да месите тесто
Наскоро почнува периодот на слави, па овие пица стапчиња можете да ги подготвите...
Рецепт за домашна бајадера - кралицата на малите колачи
Некои работи никогаш не излегуваат од мода и се пренесуваат од една генерација н...