Идеја за брз оброк: Салата од компири и кисели краставички

Сакате брз и здрав оброк? За помалку од 30 минути подгответе ја оваа вкусна салата од компири и кисели краставички.

brz-obrok-salata-od-kompiri-i-kiseli-krastavicki-01.jpg

Можете и да си ја подготвите навечер, а следното утро да си ја понесете на работа како оброк.

Состојки (за 4 порции):

  • 1,5kg компири
  • 250g маслинки
  • 1 супена лажица сенф
  • Сол и бибер
  • 300g кисели краставички
  • 1 главица кромид
  • 1-2 супени лажици мајонез


Начин на подготовка:

1. Сварете го компирот, па потоа излупете го и исечкајте го на коцки. Додајте ги исечканите маслинки и краставички, па ставете сол и бибер по вкус.

2. Кромидот исечкајте го ситно и додајте го во садот со компирот и маслинките. Помешајте ги сенфот и мајонезот, а потоа и нив додајте ги во садот и мешајте.

3. Оставете ја салатата да постои 10-тина минути во ладилникот и потоа послужете. 

Би можело да ве интересира:

Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Кисели пиперки со павлака - Вкусна зимница готова за 20 минути Пиперките во павлака се едно од оние јадења кои многу семејства со задоволство г...
Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
3 рецепти за лесни и здрави салати, идеални за летните денови Кога не сте расположени за „тешка“ храна, а сепак сакате нешто вкусно што ќе ве ...

Најчитани неделава