Без печење: Брз какао колач со банана

Топлите денови пристигнаа и никој нема желба да го вклучи шпоретот и да ја загрева целата куќа. Еве еден брз десерт токму за ова лето.

bez-pecenje-brz-kakao-kolac-so-banana-01.jpg

Сакате оригинален десерт кој ќе ги задоволи и оние прибирливите? Со подготвувањето на овој рецет никогаш нема да згрешите.

Потребни состојки:

  • Една голема и зрела банана
  • 60g крупно сечкани ореви
  • 30g какао
  • 100g путер
  • 3 лажички мед
  • 2 лажички екстракт од ванила или бадем
  • 1/2 лажичка цимет
  • 1/4 лажичка сол

Блендирајте ги сите состојки заедно се додека не добиете густа и еднолична смеса. Потоа ставете ја во тепсија обложена со хартија за печење.

Одозгора покријте ја тепсијата со алуминиумска фолија и оставете ја во замрзнувач половина час.

По половина час извадете ја смесата и исечкајте ја на мали коцкички или вадете облици со калапи за колачи.

Би можело да ве интересира:

Брза пита со готови кори - им успева и на тие што не се вешти во кујна Ако сте од оние жени (или мажи) што не се многу вешти во кујна, а сепак ви се ја...
Рецепт за брзи и крцкави банички со месо, од готови кори Секако дека нема да бидат исти како оригиналните со сукани и домашно подготвени ...
Ручек готов за 30 минути: Печени компири со зачин и лосос со неодолив вкус Компирите се варат и добро се зачинуваат, лососот се сечка на коцки и се меша со...
Здрав посен десерт готов за 10 минути – кога ќе кризирате за благо Додека постите, ако закризирате за нешто благо, ви требаат само три состојки за ...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Кремаст плазма колач со пудинг, јагоди и банани – брз, лесен и неодолив Ако ви треба лесен и брз рецепт за нешто благо, кремасто и неодоливо, ова е тоа ...

Најчитани неделава