Џем од јагоди готов за 10 минути

Џемот од јагоди е еден од најубавите кои може да го направите за многу брзо време. Со него може да полните колачиња, да мачкате парчиња леб или да го декорирате сладоледот.

dzem-od-jagodi-gotov-za-10-minuti-01.jpg

За овој рецепт потребни ви се:

  • 700g свежи јагоди
  • 150g шеќер
  • 1 до 1 ½ супена лажица свежо цеден сок од лимон
  • 2-3 лажици екстракт од ванила

Постапка:

Измијте ги јагодите, отстранете им ги дршките и исечете ги на четвртини. Ставете ги во големо тенџере и додајте го шеќерот.

Покријте со капак и почекајте да зоврие. Промешајте неколку пати и почекајте да се направи бела пена која ќе ја отстраните со лажица.

Варете околу 10 минути, сметајќи го времето од моментот кога смесата зоврила.

2 минути пред да го тргнете џемот, додадете го сокот од лимон и измешајте. Додајте го и екстрактот од ванила, ако сте се одлучиле да го користите.

Добиениот џем ставете го во стаклени тегли или пластични садови со херметички затворени капачиња.

Не го чувајте подолго од 2 недели.

dzem-od-jagodi-gotov-za-10-minuti-02.jpg

Би можело да ве интересира:

3 посни рецепти без масло - вкусни јадења за божиќниот пост Брза пита од компири и праз, мусака со печурки, чорба со зелка - овие три рецепт...
Торта со пудинг, јагоди и банани - готова за 10 минути Ако не можете да почекате тортата да се излади и стврдне за да ја пресечете на п...
Рецепт за лесен и вкусен колач со јагоди, како кај баба на гости Рецепт за колач кој потсетува на детството, од кој цела куќа ќе ви замириса на п...
Ролат еклер - поинаков начин да го подготвите вашиот омилен десерт За сите љубители на еклери, денес подготвивме рецепт кој е подеднакво вкусен, а ...
Здрави Сникерс бомбици – се прават за 5 минути кога немате благо дома Здрави енергетски бомбици кои се експлозија од вкусови кои потсеќаат на Сникерс ...
Посно гравче со спанаќ и домати - вкусен ручек што ќе го обожаваат сите Постојат две опции да го подготвите овој рецепт - првата е да го оставите гравче...

Најчитани неделава