Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Лесно и кремасто: 3 слатки фантазии готови додека трепнете

Иако долго подготвуваните десерти со кори, преливи и филови се највкусни, вие не мора да поминувате со часови во кујна затоа што сега ги имате овие 3 рецепти.

lesno-i-kremasto-3-slatki-fantazii-gotovi-dodeka-trepnete-01.jpg

Овошен куп - готов за 7 минути

Со миксер изматете 500ml неутрална павлака и по желба додадете една кесичка ванилин шеќер. Потоа во стаклена чаша редете ред овошје по желба, ред павлака додека не ја наполните. Замрзнете половина час и пред служење проросете рендано чоколадо.

lesno-i-kremasto-3-slatki-fantazii-gotovi-dodeka-trepnete-02.jpg


Чоколаден мус - готов за 15 минути

Истопете 70g чоколадо на пареа, а 500ml неутрална павлака изматете со миксер. Рачно соединете ги состојките. Ставете во стаклени чаши и оставете да се оладат во фрижидер. Послужете со овошје или бисквити.

lesno-i-kremasto-3-slatki-fantazii-gotovi-dodeka-trepnete-03.jpg


Тирамису во чаша - готов за 20 минути

Изматете 2 жолчки со 1 лажица шеќер и додадете ја смесата во претходно изматени 500ml неутрална павлака. Додадете и ванилин шеќер. Земете една широка стаклена чаша, наредете бисквити или пишкоти потопени во инстант кафе, па потоа ставете го филот. Постапката повторете ја 2-3 пати, зависно од големината на чашата. Проросете со какао и оставете да се олади во фрижидер.

lesno-i-kremasto-3-slatki-fantazii-gotovi-dodeka-trepnete-5.jpg

Би можело да ве интересира:

Рецепт за крофни со шеќер како на плажа Има ли некој што не ги сака крофните со шеќер што се продаваат на плажа? Вкусни,...
Здрава ресана торта, подготвена во блендер Портокал, чоколадо, јаворов сируп, ванила... оваа торта е вистински здрав делика...
Принцес ролат - побрза варијанта на принцес крофни За сите љубители на принцес крофните имаме одличен рецепт за десерт - принцес ро...
Рецепт за сочна штрудла со јаболка и цимет Јаболка, цимет и путер - совршена есенска комбинација на која нема да можете да ...
Колач медено срце - посен десерт чиј вкус потсетува на детството Брз, едноставен и со вкус кој ќе ви врати носталгија - колачот Медено срце е нав...
Ролат со спанаќ и пршута - ќе барате парче плус Ролатот со спанаќ има неколку различни варијанти, а ние овој пат го споделуваме ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg